Фармацевтскиот гигант Фајзер го ангажираше Дру Панајоту како прв глобален генерален маркетинг директор на компанијата.
Панајоту доаѓа од истражувачката компанија за „животни науки“ Verily, инаку во сопственост на Alphabet (која го поседува и Google). Инаку, тој има над 30 години искуство во маркетинг индустријата, а претходно работел и за компании како Johnson & Johnson, Coca-Cola и Disney.
Во 2019 година, Фајзер и уште три фармацевтски компании потпишале партнерство со Verily за користење на нивните податочни алатки во клинички студии.
Дру Панајоту треба да стапи на новата функција во Фајзер од 19 септември, при што ќе биде одговорен за изградба на комерцијална инфраструктура, вклучувајќи нови иновативни канали, алатки и дигитални решенија за ангажирање со јавноста – се вели во соопштението на Фајзер.
Назначувањето на Панајоту доаѓа околу шест месеци откако две пензионирања доведоа до реструктуирање во високите рангови на Фајзер, и тоа во услови на пораст на приходите до рекордни нивоа од продажбата на нивната вакцина против Ковид-19. Фајзер во февруари го ангажираше Вилијам Пао како генерален директор за развој, а во април го назначи Дејвид Дентон како генерален финансиски директор.