Соработката помеѓу образовните институции и компаниите од различни сфери на бизнисот во развојот на образовните студии стана најдобар начин за пренесување на практичното знаење на студентите. Со предавачите кои доаѓаат „од терен“, од компаниите, академците добиваат „пракса пред пракса“, најрелевантни примери, знаење и искуство што самата теорија не може да им ги даде.
По повод 20-годишнината од формирањето на Факултетот ФЕФА од Белград, Групацијата I&F доби признание за соработката во развојот на магистерски студии по економија, благодарение на што оваа програма доби три нови дополнителни насоки (Маркетинг и менаџмент, Бизнис и финансиска аналитика и Бизнис економија). Веќе четврта година експерти од Групацијата I&F на учесниците на овие студии им објаснуваат како практично да го применат стекнатото знаење. Маркетингот е една од најдинамичните индустрии и овие промени често не се проследени во постоечки образовни процеси. Покрај знаењето, потребна е и пракса – особено во поле полно со предизвици како што е маркетингот. Затоа е важно успешните луѓе од бизнисот да ја оживеат теоријата од стручната литература со помош на сопственото, практично искуство.
„Креативноста, знаењето и информациите, денес претставуваат стратешки вредности. Од создавањето на Групацијата I&F пред 25 години, инвестираме во луѓето и нивното образование, бидејќи деловното опкружување станува сѐ посилно благодарение пред сѐ на постојаниот и интензивен професионален развој на луѓето. Соработката со факултетот ФЕФА е начин да се пренесе дел од знаењето и искуството што го имаме на учесниците на овие студии. Во претходните четири години, предавачите од Групацијата I&F се трудеа да ги водат студентите низ различни области за да можат што повеќе да научат и да бидат подобро подготвени за нивните први професионални чекори. Сметам дека нашите досегашни искуства се вредни и дека овие студии му даваат дополнителна вредност на образованието“ – истакнува Ванда Кучера, потпретседателка на Групацијата I&F, по повод ова признание.
Менторството денес е повеќе од неопходно, менторство кое освен теоретско знаење вклучува и реални примери од практиката кои можат да ги понудат само гостувачки предавачи од бизнисот, различните индустрии, а во овој случај од маркетингот.
„ФЕФА се заснова на четири основни темели – мултидисциплинарност, иновативност, блиска соработка со стопанството и желба континуирано да придонесуваме за нашата заедница. Студиите што ги изработивме во соработка со Групацијата I&F ги следат светските трендови во образованието и идните барања на пазарот на трудот со нивната наставна програма, квалитет и метод на настава. Создаден е модерен студиски концепт кој е 80% флексибилен, а нашите студенти имаат можност да ја прилагодат програмата на нивните амбиции и интереси и да ги усогласат со нивното сегашно или посакувано вработување“ – посочува проф. Горан Питиќ, еден од основачите на факултетот ФЕФА.
По повод 20-годишнината на Факултетот ФЕФА, освен Групацијата I&F, признанија за различни видови соработка добија и други партнери.