Брендот на безалкохолни пијалаци Fanta го претстави својот нов глобален бренд идентитет, надевајќи се дека ќе внесе вкусови на разиграност и забава во секојдневните моменти од животот преку светли и смели дизајни.
Претходно, брендот имаше различни пакувања за различни пазари во светот. Но, сега, Fanta ќе имплементира кохезивно брендирање ширум светот, следејќи ги чекорите на сестринските брендови на газирани пијалоци како што се Coca-Cola и Sprite.
Брендот сака да ја ревитализира својата привлечност така што акцентот ќе го стави на нивниот став кон животот, охрабрувајќи ги клиентите од сите возрасти да го прифатат духот на „играта“.
За да го постигнат ова, дизајнерите ангажирани од брендот осмислија кохезивен и конзистентен визуелен идентитет кој евоцира чувства на забавност, со ново лого и приспособена типографија што целосно ги отелотворуваат „присуството и персоналитетот“ на Fanta.
Се разбира, редизајнот ги вклучува светлите, препознатливи бои кои често се поврзуваат со палетата на вкусови на брендот, кои беспрекорно ќе се спојат со новиот графички систем и динамичен амблем на Fanta за да се пробијат низ мноштвото други газирани пијалоци на полиците во продавниците.
Илустрациите на пакувањата, дизајнирани од Лукас Вакамацу, заедно со брендираните фотографии, ќе помогнат да се нагласи естетиката на “mixed media” која брендот сака да ја негува, издвојувајќи го од другите со уникатно наслојување, наменски несовршености и раскажување приказни преку неговите пијалоци.
„Навистина бевме инспирирани од идејата да им внесеме разиграност во животите на потрошувачите од сите возрасти кога почнавме да размислуваме за тоа како да ја пренесеме целта на брендот до луѓето. Размислувајќи што сето ова значи за изразот, ставот и постапките на брендот, успеавме да изградиме карактеристичен бренд идентитет што ја сигнализира посветеноста на Fanta за забава на секое ниво – од реалниот живот до дигиталниот“ – објаснува Лиза Смит, извршна креативна директорка на агенцијата Jones Knowles Ritchie која стои позади новиот глобален бренд идентитет на Fanta.