Рекламата која ја промовира продажбата на неодамна пронајденото ремек дело на Леонардо Дан Винчи, покажува како би изгледало кога уметноста би гледала во нас
Агенцијата Droga5 направи 4-минутна реклама за аукциската куќа „Кристи“ со која се промовира претстојната продажба на долго изгубеното дело на Леонардо Да Винчи, а и рекламата сама по себе е своевидно ремек дело.
Рекламата не покажува ниту еден кадар од сликата на Да Винчи, туку ни покажува како изгледа светот од перспективата на самата слика, следејќи ги реакциите на луѓето на неа, а сето тоа поврзано со одлична музичка подлога, што го прави овај спот фасцинантен за гледање.
Соработувајќи со фотографот Надев Кандер, Droga5 постави скриена камера под сликата позната како Salvator Mundi („Спасител на светот“), која моментално се наоѓа во аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк, каде што чека на аукција.
Камерата ги забележала реакциите на луѓето на сликата, прикажувајќи ги силните емоции кои ова дело ги пробудило во нив.
https://www.youtube.com/watch?v=d7omwQLuGJQ
Неодамна откриената слика ќе биде продадена на аукција оваа среда, а до тогаш кампањата ќе има и компонента на социјалните медиуми. Имено, додека луѓето ќе ги споделуваат своите фотографии на ова уметничко дело на Инстаграм, така и Salvator Mundi ќе ги споделува фотографиите од нив, на Инстаграм профилот @thelastdavinci.
Ако се прашувате што луѓето гледаат на видеозаписот, погледнете ја сликата подолу: