На македонското и регионално медиумско небо од неодамна се појави www.feed.mk, агрегатор на вести од најновата генерација каде што се имплементирани најновите достигнувања од областа на програмирањето и машинското учење.
Согласно долгогодишните истражувања за кориснично искуство и искуства од користењето на слични светски агрегатори, супериорноста на Feed.mk е видлива уште при првото отворање во вашиот веб пребарувач.
Од тимот на Фид Медиа доо велат дека нивен приоритет е секогаш да понудат најдобро корисничко искуство за читателите и најбрз пристап до тоа што е важно да се следи:
Feed.mk се подготвуваше повеќе од три години. Зад проектот стои тим на програмери со долгогодишно искуство и фокусот од првиот ден е ставен на читателот. Сечиј интерес е посебен, секој читател може да ја прилагоди апликацијата согласно своите желби, навики и потреби. Ние обезбедивме содржини на шест јазици (македонски, албански, англиски, српски, хрватски и бугарски) и илјадници извори (теми) со информации буквално од сите страни на светот” – велат од компанијата позади проектот.
Она што е дополнително ексклузивно на Feed.mk е фактот што во моментов нуди и видео содржини од преку 700 канали и извори, а како што дополнуваат од компанијата надополнувањето со нови содржини, извори и видео канали ќе биде континуирано и без лимит.
Останати карактеристики кои го издвојуваат Feed.mk од сличните сервиси во државата и странство се и:
- Фокус на персонализација на содржина спрема индивидуални вкусови.
- Модерно и рефинирано корисничко искуство, со фокус на конзумирање на содржина.
- Напреден алгоритам за кластеризација, базиран врз вистинско машинско учење.
- Следење на новости и извори од разни јазични подрачја на едно место.
- Напредно мобилно искуство на самата страна.
- Асинхроно повикување на содржината, навигација без освежување на страната.
Се разбира дека целиот процес е тукушто започнат и допрва ќе се развива како во поглед на содржините и корисничкото искуство, така и во делот на проширувањата на операциите во и надвор од регионот. Како што велат од компанијата, тие се одлучно решени да се водат од мотото ‚Вашиот интерес е наш императив‘.