За сите љубители на програмите „Нинџа воини“, „Игри со препреки“ и адрералин, зоната mts Feel vibe of the BOX Tribe обезбеди уникатна програма, каде што учесниците ги тестираа своите способности на различни полигони и учествуваа во специјален хака танц од Нов Зеланд. Покрај тоа, сите заинтересирани лица можеа, како и претходните години, да ја пробаат mts Random Love говорницата, која беше директно поврзана со говорницата на влезот на фестивалот.
И оваа година, компанијата mts беше пријател на фестивалот „Егзит“, кој заради потполно доживување на Петроварадинската тврдина, покрај квалитетна музичка програма, понуди и голем број на забавни и авантуристички активациони зони.
Зоната mts FEEL THE VIBE OF THE BOX TRIBE се наоѓаше во Горниот град и им понуди на посетителите незаборавно искуство преку три активации. Полигонот се простираше на повеќе од 200 метри трус конструкција, со околу 300 килограми сунѓер и над 150м2 брендирани површини. Учесниците имаа задача да надминат четири пречки и секоја од овие пречки симболично претставуваше една mts услуга вклучена во BOX пакетот.
“LANDLINE FIELD” ја симболизираше фиксната телефонија и бараше од учесниците да се фатат за голема телефонска слушалка и да се занишат преку “провалија“. SAFETY CELL” ја претставуваше мобилната мрежа и задачата на натпреварувачите беше да ја преминат препреката така што ќе ползат преку мрежата. “WALK ON AIR” претставуваше ТВ услуга и задача на натпреварувачите беше да ја поминат гредата што е можно побрзо, а на патот во тоа беа спречувани од боксерски торби кои мора да ги тргаат. Гледајќи од страна, оваа активација беше брендирана да личи на телевизор, па изгледаше дека натпреварувачите минуваат низ „екран“. Активацијата „DON’T TOUCH THE FIBER“ ја претставуваше Оптичката мрежа и беше конструирана како тунел со ласери, со идеја учесниците да поминат преку ласерите без да ги допрат. Натпреварувачот кој прв ќе стигне до тастерот на крајот на активацијата ја освојува главната награда (кабаница, ранец или бандана марама – кои последниве години се покажаа како многу корисни за време на фестивалот), додека поразените добиваат помала, утешна награда. Бидејќи зоната на mts беше блиску до Fusion stage, во зависност од програмата на таа локација, хака танчерите секој час го изведуваа својот препознатлив танц, учејќи ги посетителите да танцуваат и да ги анимираат за да учествуваат во активациите.
Со помош на познатите Random Love телефонски говорници поставени на две места на тврдината – во mts зоната и на влезот во фестивалот „Егзит“, луѓето се поврзуваа рандом, разговараа, договараа одмерување на силите на теренот или средба на mts CHILL зоната.
„Проектот ЕГЗИТ е еден од омилените проекти за нашиот БТЛ тим каде што колегите од маркетинг, заедно со агенцијата, можат најдобро да ја искажат својата креативност. Ова е еден од оние проекти каде што им е дозволено да отстапат до одреден степен од нашите бренд стандарди, со цел органски да се поврзат со фестивалот, што секогаш носи освежување за работа. Зоната на mts на Тврдината со години беше една од најатрактивните и посетувани партнерски поставки. Нашата соработка за овој проект функционира беспрекорно, во таа смисла, мојата единствена задача како директор е да ја пронајдам вистинската мерка во акробациите кои мојот тим и агенцијата заедно ги смислија, бидејќи безбедноста на учесниците сепак е на прво место“, објаснува Сузана Бериќ, директор на Секторот за бренд стратегија и маркетинг комуникација во mts.
„Креирањето на активации, интересни детали за посетителите и целокупниот изглед на mts зоната на фестивалот Егзит веќе со години е наша задача која тимот со нетрпение ја очекува. Сите знаеме дека не` очекува многу работа, непредвидени околности и непланирани ситуации, но затоа задоволството и уживањето по завршување на работата е тројно“, вели Владимир Поповиќ, директор на БТЛ во McCann Белград.
Горан Јовиќ, акаунт менаџер во Мекан Белград, заклучува: „Ова е моја трета година како што го водам овој проект и секоја година си поставуваме задача да им обезбедиме на посетителите искуство кое ќе го паметат. Она што е моја лична сатисфакција е што сега имаме посетители кои наменски доаѓаат до нашата зона секоја година, затоа што знаат дека ги очекува одлична забавна и супер подароци “.