Фејсбук забранува објави кои го негираат или изобличуваат Холокаустот на Евреите пред и за време на Втората светска војна, а корисниците ќе ги насочи кон веродостојни извори за тој нацистички геноцид
Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг, го објави ова како најнов обид на компанијата да ги сузбие „теориите на заговор“ и дезинформациите во пресрет на претседателските избори во САД.
Преживеаните жртви на Холокаустот започнаа кампања ова лето, барајќи од Закерберг да го отстрани негирањето на холокаустот од Фејсбук.
Закерберг во својот блог изјави дека верува дека новата политика утврдува што е, а што не е прифатливо.
Тој рече дека решил да воведе забрана кога видел податоци кои покажуваат пораст на антисемитизмот.
Закерберг го предизвика гневот на многумина во 2018 година, кога изјави дека постовите што негираат смрт на шест милиони Евреи во Холокаустот, не мора да бидат „намерни“ и не мора да се отстрануваат, освен ако не повикуваат на зло и насилство.
Закерберг призна дека, иако сметал дека „негирањето на Холокаустот е длабоко навредливо“, верувал дека „правилниот говор“ е доволен за „борба против навредливиот и лошиот говор“.