Технолошкиот гигант ги надмина очекувањата на аналитичарите во третиот квартал. Компанијата ги зголеми приходите за повеќе од една петтина, бројот на вработени за скоро третина и бројот на дневни корисници за една десетина.
Според финансискиот извештај за третиот квартал на 2020 година, Фејсбук забележа 18,4 милијарди евра приход (22 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година) и 6,7 милијарди евра профит. По најавата за бојкот на големите огласувачи како што се Кока-Кола, Старбакс и Адидас, многумина предвидуваа пад на приходите на Фејсбук.
Компанијата беше во можност да ги диверзифицира своите извори на приход и да ги зголеми заради поволните цени на рекламирање што беа особено привлечни за малите и средни претпријатија. Во овој поглед, тие очекуваат уште посилен четврти квартал, бидејќи компаниите поинтензивно се рекламираат пред и за време на празниците.
Уште поинтересен податок за зголемувањето на приходот е бројот на вработени. Нивниот број се зголеми за 32 проценти во третиот квартал. Фејсбук сега има 56.653 вработени.
Во однос на бројот на дневни и месечни корисници на технолошкиот гигант, чие „семејство“ на апликации ги вклучува Facebook, Instagram, Oculus и WhatsApp, се забележува пораст за 12 проценти, во споредба со истиот период минатата година, но загрижува бројот на корисници „дома“, односно во САД и Канада. Нивниот број падна од 198 милиони на 196 милиони. Таквиот тренд се најавува и за четвртиот квартал.