Во јуни 2020 година, Фејсбук за прв пат го претстави својот претплатнички модел, преку кој корисниците можеа за одредена сума на пари да се претплатат на своите омилени креатори на содржини. Целта беше на креаторите да им се обезбеди стабилен извор на приход.
Меѓутоа, имаше и еден проблем. Кога креаторите требаше да добијат пари преку корисниците на iPhone, Apple задржуваше 30% од тие трансакции. Со цел да се заобиколи оваа „интернет такса“, Фејсбук објави дека воведува промени во својот претплатнички модел.
Креаторите сега ќе можат да побараат поддршка од своите фанови преку сопствениот платежен систем на Фејсбук наречен Facebook Pay, наместо преку мобилната апликација на Фејсбук како досега.
Можност за користење на претплатничкиот систем имаат сите креатори со повеќе од 10,000 следбеници или преку 250 повратни посетители со 50,000 интеракции на постови или 180,000 минути на прегледани видео содржини.
Со цел промоција на претплатничкиот модел, Фејсбук ќе доделува и бонуси од 5 до 20 долари за секој нов претплатник кои креаторите ќе го добијат до крајот на 2021 година.