Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм формираат внатрешни работни тимови кои ќе истражуваат дели нивните производи диспропорционално им наштетуваат на малцинските групи, известуваат медиумите Вол Стрит Журнал и Бизнис Инсајдер.
„Секоја пристрасност во нашите системи и политики е спротивно на определбата за обезбедување на платформа каде секој ќе може да се изрази себе. Иако ние секогаш работиме во насока да создадеме поправично искуство, сега подготвуваме дополнителни напори за да го продолжиме ваквиот прогрес“, истакна Вишал Шах, претставник на Инстаграм.
Новите „правични тимови“ на Инстаграм ќе разгледуваат како се дизајнирани производите, услугите и алгоритмите на платформата и како компанијата ги спроведува правилата против онлајн вознемирување, со цел да се осигура дека тие се изградени за постигнување правичност и инклузивност, истакнува Стефани Отли, портпарол на Фејсбук, додавајќи дека Фејсбук ќе работи во тандем со слични приоритети, вклучувајќи и работна група задолжена да внесе поразлични мислења во процесот на развој на производите.
Фејсбук и Инстаграм во минатото беа критикувани во повеќе наврати поради нивниот недоволен ангажман во насока на вакви истражувања и активности, па дури и беа обвинувани дека активно ги попречувале.
За време на последнитот месец и половина, Фејсбук и Инстаграм се најдоа на удар на повеќе светски компании кои се одлучија да го запрат своето огласување на платформите, сé додека тие не воведат построги правила и рестрикции во однос на говорот на омраза.