Компанијата развива визуелно пребарување за продавници на Инстаграм и воведува нови функции за купување преку WhatsApp и Marketplace
Фејсбук работи на ново визуелно пребарување на Инстаграм, а истовремено воведува и голем број функции за онлајн купување преку платформата. Марк Цукерберг во официјалното соопштение истакна дека компанијата работи на системи и алатки за пребарување со помош на камера, пренесува Engadget.
Функцијата може да биде слична на оние од Snapchat и Pinterest кои многу се потпираат на визуелното пребарување. Цукерберг исто така претстави и два начина на користење на оваа технологија. Визуелното пребарување ќе може да понуди слични производи во други делови на апликацијата или може да помогне да се најдат производи со помош на камера или слики од галеријата на смартфонот.
„Штом пронајдете нешто што ви се допаѓа, ќе можете да гледате слични производи во сите продавници на нашите платформи – ова ќе ги направи фотографиите многу поповрзани со продажбата“, коментира Цукерберг.
Покрај новитетите поврзани со Инстаграм, Цукерберг најави и доаѓање на продавниците на Фејсбук на Marketplace и WhatsApp. Фејсбук веќе некое време ги интегрира каталозите на производи во разговорите на WhatsApp, но сега продавниците ќе можат да прават излози што ќе бидат интегрирани во апликацијата.
Компанијата работи и на „реклами за продавниците“ кои продавниците ќе можат да ги испраќаат врз основа на „индивидуални преференции“. Фејсбук дополнително ќе ги персонализира овие реклами со додавање на специјални понуди или промоции.