Социјалната мрежа новата рекламна стратегија ја проширува на Apple TV и Roku, преку тестирање на рекламите на апликациите на овие видео платформи.
Овој тест претставува проширување на публиката на платформата наречена Facebook Audience Network која е платформа за веб и апликациски издавачи на која може да се продаде рекламен простор преку Facebook. Facebook може да и служи на речиси секоја рекламна кампања, која работи во рамките на неговиот ‘’News Feed’’ (делот со Новости) до надворешни апликации и мобилни веб-сајтови, и тврди дека има речиси ист успех во таргетирањето на индивидуалните потрошувачи без разлика дали тие се на неговата платформа или се наоѓаат на друго место на Интернет просторот.
“Ние тестираме како да ги креираме и произнесеме најдобрите видео реклами преку ‘’Facebook Audience Network’’за луѓе кои гледаат содржини на поврзаните телевизори”, изјави портпаролот на Facebook во своето соопштение. “Нашата цел е да се донесат релевантни рекламни искуства до луѓето – во рамките на Facebook и надвор од платформата.”
Проширувањето на Facebook на полето на дигиталната телевизија и овие тестови примарно објавени беа од страна на Recode, кој ги идентификуваше А & Е и Tubi ТВ како едни од неговите првични партнери. Претставниците на А & Е мрежата и Tubi ТВ не одговорија веднаш на барањата за коментари на објавените написи во Recode.
Facebook се обидува да ја прошири својата мрежа на публика со цел да обезбеди воедно публика за своите онлајн стриминг дигитални телевизиски партнери. Во изминатиот период, Facebook го исклучи од употреба ‘’LiveRail’’, неуспешен сервис кој служеше за размена на видео реклами кој Facebook го купи за $ 500 милиони во 2014 година.
Како замена за отворената размена, Facebook започна со мигрирање на LiveRail клиентите, како А & Е мрежите, на својата рекламна мрежа ‘’Facebook Audience Network’’ која веќе започна со реклами на онлајн стриминг видео- сајтови, но сеуште се работи за тест период и овие први тестови се само дел од првите реклами кои ќе се прикажат на ТВ уредите.
Facebook со ова цели кон вклучување на повеќе ТВ мрежи со цел спроведување на поголем број на видео реклами и нивно додавање на веќе постоечките содржини без ставање на акцентот на Facebook како интермедијарна мрежа во процесот. Сеуште останува дилемата дали издавачите сакаат да му ја предадат контролата на Facebook врз содржините и таа да стане уште поголема од онаа која веќе ја поседува.