Социјалната мрежа Фејсбук ја воведува секцијата вести – News Tab на својата мобилна апликација, каде што ќе се прикажуваат наслови на вести кои ги бираат новинари, а издавачите ќе бидат платени за користењето на нивниот материјал.
Оваа социјална мрежа долго беше во спор со издавачи на вести кои се жалат дека Фејсбук има корист од споделувањето нивни написи без да плаќаат за нив. Ова е потенцијално голем чекор за платформата која долго се бори со искоренување на дезинформациите и неспремноста да склучува договори со издавачите, пренесува Асошиејтед Прес.
Во делот со вести ќе бидат вклучени наслови од Wall Street Journal, Washingtton Post, Buzzfeed News, Business Insider, NBC, USA Today и Los Angeles Times, како и наслови од неколку локални медиуми од најголемите американски градови. Новата секција со вести стартуваше во поетокот.
Преку Facebook ќе се гледаат само насловите на вестите, а кога ќе кликне на нив, корисникот ќе биде пренасочен до веб страниците или апликациите на издавачите, ако ги инсталирале. Тоа е она што издавачите го бараа со години од Фејсбук.
Од Фејсбук не сакаат да кажат како и колку ќе бидат платени и наведуваат само дека ќе ги плаќаат издавачите за пристапот до содржините .