Компанијата Фејсбук се согласи да им плати на огласувачите 40 милиони долари поради преценетата видео метрика
Овој случај ги натера огласувачите да ја доведат во прашање веродостојноста на извештаите за мерењата на социјалните мрежи и ги принуди да бараат повеќе заштитни мерки од сите дигитални платформи.
Во понеделникот, условите за спогодбата беа поднесени до американскиот окружен суд во Калифорнија, откривајќи дека обете страни се согласиле на 40 милиони долари, поради неточни податоци кои се доставувани во период од 18 месеци во текот на 2015 и 2016 година. Во тужбата е наведено дека со тоа би можело да бидат погодени 1,35 милиони огласувачи.
Фејсбук откри грешка во мерењето во 2016 година. Социјалната мрежа користеше лоша формула за да го пресмета просечното време кои луѓето го поминуваат гледајќи видеа, што би можело да ги натера огласувачите да веруваат дека нивните видеа се попопуларни од она што се навистина.
Фејсбук соопшти дека грешката влијаела само на видеата кои огласувачите бесплатно ги објавиле на нивната социјална мрежа и дека не влијаеле на платените реклами. Сепак, оштетените тврдат дека погрешните бројки ги натерало да трошат повеќе на реклами на Фејсбук отколку што би потрошиле во друг случај. Огласувачите тврдат дека со оглед на преценетата видео-метрика, купувањето на реклами било атрактивна солуција за нив.