Технолошкиот гигант Фејсбук го најави својот нов проект за градење виртуелен „метаверзум“, за кој планира да ангажира 10.000 луѓе во Европската Унија.
Метаверзумот ќе биде онлајн свет во кој луѓето ќе можат да работаат, комуницираат и играат игри во виртуелна средина, со помош на уреди за виртуелна реалност.
Од компанијата соопштуваат дека „метаверзумот има потенцијал да помогне да се обезбеди пристап до нови креативни, социјални и економски можности“.
Причината поради која Фејсбук се одлучи да го гради својот проект во Европската Унија е поради „пристапот до огромен потрошувачки пазар, првокласни универзитети и таленти од висок квалитет“.
Се претпоставува дека за целосна реализација на „метаверзумот“, на Фејсбук ќе му бидат потребни 10 до 15 години.