Новите алатки го поедноставуваат извршувањето на кампањите за малите бизниси и поединци кои можеби немаат доволно напредни дигитални знаења.
Се чини дека Фејсбук го менува својот фокус од големите огласувачи на малите и средни претпријатија на својата платформа, бидејќи компанијата лансираше пакет на нови огласувачки алатки кои ќе им помогнат на малите огласувачи при уредување на видео записи, оптимизација на кампањи и закажување состаноци.
Ова може да се смета како најнов чекор во напорите на Фејсбук за ги зголеми приходите од реклами, бидејќи вложуваат напори да ги привлечат и охрабрат оние кои не мора да имаат одлично дигитално знаење за да ги имплементираат своите идеи преку платформите на Фејсбук.
Според The Drum, поедноставниот систем им овозможува на сопствениците на акаунтите пристап до автоматизирани опции во Ad Manager софтверот, со кои може да генерира кампања со само шест фотографии извлечени од Фејсбук и Инстаграм, со наведување на ограничувањата на буџетот за кампањата, како и неколку прашања во врска со компанијата.
Треба да се има предвид дека Фејсбук се обврза дека до 2020 година ќе обучи милион сопственици на мали бизниси и поединци во дигитални вештини.