Со цел да им помогне на малите бизниси во нивните онлајн креативни комуникации, Facebook лансираше нова бесплатна алатка наречена “Campaign Ideas Generator” („Генератор на идеи за кампања“).
Ползувањето на генераторот е сосем едноставно – треба да се избере само индустријата на која припаѓа вашиот бизнис и да се избере периодот од годината или празникот на кој треба да соодветствува кампањата.
Потоа Фејсбук презентира резултати во три категории: “Campaign Ideas”, “Data and Insight” и “Resources”.
Првата категорија содржи идеи за кампања, за нивниот визуелен изглед или слоган, соодветно на избраните параметри. Во втората категорија може да се најдат кориснички податоци во врска со избраните параметри, кои можат да помогнат во креирањето на поефикасни кампањи. Третата категорија содржи едукативни ресурси, предложени насоки, извештаи и студии на случај за подобрување на вашиот онлајн маркетинг.
Генераторот исто така вклучува готови реклами, односно готови слики и текст, како и шаблони за постови, кои може да ги употребувате во вашата кампања.
Генераторот на идеи за кампања е достапен на следниот линк.