Рекламите кои изборниот штаб на Доналд Трамп одлучи да ги користи на претстојните избори, а кои се насочени против крајната левица, на Фејсбук се оценети како непримерни поради нацистичкиот знак и се отстранети
Фејсбук ги повлече рекламите објавени од изборниот штаб на Доналд Трамп, кои беа насочени против левичарската група Антифа, со превртен црвен триаголник, знак со кој нацистите ги означувале политичките затвореници во концентрационите логори. Вашингтон пост беше првиот што предупреди за тоа, известувајќи за контроверзната содржина на Фејсбук. Платформата потоа ги повлече рекламите со црвениот триаголник.
Портпаролот на таа социјална мрежа потврди дека ги повлекле објавите и рекламите на Трамп затоа што ги кршат нивните права за сузбивање на говорот на омраза.
“Ние не дозволуваме употреба на знаци на организации кои шират говор на омраза и идеологии на омраза, освен ако тие не се искористат за да се осудат“, рече Натаниел Гличер, директор на одделот за регулација на компјутерска безбедност на Фејсбук, како одговор на барањето за расправа што се одржа во американскиот Конгрес во врска со написот во „Вашингтон пост“.
“Нацистите го користеа овој знак за да ги означат политичките затвореници од редовите на левицата. Нашите правила забрануваат употреба на тој знак, без контекст што ќе го осуди или доведе до прашање“, додаде портпаролот на мрежата.