Не само што со тоа ги прекршил своите правила, туку го прекршил и законот за заштита на деца и малолетни лица
Не е наша вина, алгоритмот погреши! Така, накратко може да се опише објаснувањето што Фејсбук го даде откако беше откриено дека на деца им се прикажувале реклами за алкохол и кладилници.
Тие не само што ги прекршиле своите правила, туку го прекршија и законот за заштита на деца и малолетни лица.
Истрагата што ја спроведоа британски Гардијан и Данската Радиодифузна Корпорација откри дека рекламите биле „сервирани“ преку алгоритмот за маркетинг на „Фејсбук“ кој ги анализира интересите на корисникот и им покажува реклами што може да бидат од интерес за него. Проблемот е во тоа што алгоритмот не ја зема предвид и возраста на самиот корисник.
Иако од Фејсбук за Гардијан објаснија дека не поддржуваат продажба на алкохол или пристап до кладилници за малолетни лица и дека активно се борат против тоа, факт е дека алгоритмот не знае точно кому ја покажува рекламата.
Додадоа и дека имаат посебен алгоритам кој треба да анализира реклами и да ги блокира оние што ги кршат нивните политики, но практиката покажа дека ова не функционира најдобро.
Но, ова не е првпат Фејсбук да се најде под напад од регулаторите заради загрозување на здравјето и моралот на малолетните корисници.