Фејсбук соопшти дека повеќе нема да дозволи огласувачите да ги таргетираат лицата на возраст од 18 години и помладите, врз основа на нивните интереси и активности на други веб -страници.
Новата политика, која важи и за Инстаграм и Фејсбук месинџер, сепак дозволува таргетирање на тинејџери, но само врз основа на возраста, полот и локацијата, пренесува Гласот на Амрика.
Возрасните граници може да варираат од земја до земја, а Фејсбук вели дека новата политика ќе започне за неколку недели.
„Ние веќе им даваме начини на луѓето да ни кажат дека тие повеќе не би сакале да гледаат реклами врз основа на нивните интереси или врз основа на нивните активности на други веб -страници и апликации, на пример преку контрола во поставките за реклами“, се вели во соопштението на Фејсбук во кое се најавува нова политика. „Но, младите можеби не се добро подготвени за донесување такви одлуки. Се согласуваме со нив, поради што преземаме повнимателен начин како огласувачите можат да стигнат до младите луѓе преку реклами“.