Технолошкиот гигант Meta соопшти дека имплементира нови функции и креативни алатки за создавање на кратките видеа “Reels” на социјалната мрежа Фејсбук. Новите алатки треба да им овозможат на индивидуалните креатори, но и на брендовите, поголема флексибилност и леснотија при креирањето на забавни и интерактивни видеа.
Првата промена е тоа што платформата ја зголеми горната граница за времетрањето на кратките видеа, па така сега тие можат да траат и до 90 секунди, наспроти досегашниот максимум од 60 секунди.
Креаторите исто така ќе ја имаат можноста набрзина да составуваат претходно подготвени кратки видеа од нивните „Спомени“ (“Memories”) – односно постари објави поврзани со одреден датум.
На оние кои сакаат да се приклучак кон актуелните вирални трендови ќе им се допадне новата алатка за “trending templates” („шаблони во тренд“), која ќе им помогне на креаторите да ја имитираат структурата на видеата кои ги гледаат во нивниот сопствен времеплов.
Друга алатка по име “Grooves” ќе им овозможи на корисниците автоматски да ги синхронизираат уникатните движења во нивните видеа со ритамот на изрбрана песна или звук.
Сите овие новитети кои ги воведува Фејсбук се слични на промените кои беа имплементирани минатиот јуни во однос на сестринската платформа Инстаграм, а кои се покажале како успешни.