Социјалната платформа Фејсбук објави дека ги продолжува и проширува експериментите за редуцирање на бројот на политички содржини кои се појавуваат во „времепловот“ на пошироката публика.
Првите тестови во оваа насока биле спроведени уште во февруари, лимитрајќи ги политичките содржини за корисниците во САД, Канада, Бразил и Индонезија. После добиениот позитивен фидбек од корисниците, тестирањето на промените се проширува и во други држави, вклучувајќи ги Шведска, Шпанија, Ирска и Коста Рика.
Како што објаснува Фејсбук, во овој процес тие ќе обрнуваат помалку внимание на тоа колку е веројатно за еден корисник да коментира или сподели некоја политичка содржина, туку повеќе ќе се насочат кон негативните реакции кои корисниците ги остааваат на рангирани објави поврзани со политика и вести.
Ваквите промени ќе имаат директен негативен ефект врз сообраќајот на големите новински агенции ширум светот, токму поради што Фејсбук и толку споро ја развива целата работа.
„Планираме постепено и методично лансирање на овие тестови, но останете охрабрени и очекувајте понатамошни проширувања во месеците што следуваат“, истакнуваат од компанијата.