Технолошкиот гигант Фејсбук ќи објави финансиските резултати за вториот квартал од 2021 година
Според бројките, приходите на компанијата пораснале за 56% во однос на истиот период минатата година, достигнувајќи вкупен износ од 28.6 милијарди долари. Од нив, 98% биле приходи од огласување.
Трошоците и расходите на Фејсбук пораснале за 31%, достигнувајќи 16.7 милијарди долари, како резултат на зголемените инвестиции на компанијата за истражување, развој и маркетинг, покрај генералните административни трошоци.
Сума-сумарум, нето-приходите на Фејсбук за вториот квартал на 2021 изнесувале 10.4 милијарди долари, што претставува раст од дури 101% во однос на истиот период лани.
Најголем раст бил забележан во регониот условно наречен „остатокот од светот“ – 86%, по што следува Европа со раст од 63%, Азиско-Пацифичкиот регион со 56% и регионот на САД и Канада со 48%.
Растот главно се должи на поголемата побарувачка за онлајн огласување, што пак ја подигнала просечната цена на рекламите за 47% на годишно ниво.
Меѓутоа, компанијата соопшти дека очекува приходите драстично да им се намалат во третиот и четвртиот квартал на годината, како резултат на промените кои Apple ги воведува во однос на собирањето на кориснички податоци преку iOS и нивната употреба во огласувачки цели.