Во текот на вчерашниот ден, Фејсбук соопшти дека ја достигнал бројката од 1 милион огласувачи.
Дан Леви, еден од шефовите на „Фејсбук“ одговорен за маркетингот на компанијата, им изрази благодарноста на сите овие компании кои се активни огласувачи.
– Вие го избравте „Фејсбук“ како партнер за да го зголемувате Вашиот бизнис. Ја користам можноста да Ви се заблагодарам што сте ни наш партнер и што ни овозможивте многу што да научиме од сите Вас.
Ова соопштение доаѓа само 2 дена пред пресконференција која е закажана за утре (Четврток 20.06.2013) и на која се очекува да се соопшти некоја голема новост од најголемата социјална мрежа.