Фејсбук вели дека политичарите не мораат да ги следат вообичаените насоки за објавување постови, освен доколку не прикажуваат комерцијален оглас
Најголемата социјална мрежа ги разјасни правилата за содржини објавени од политичарите, велејќи дека „не е улогата на Фејсбук да интервенира кога политичарите зборуваат“.
Фејсбук додаде дека мислењата на политичарите чија содржина може да доведе до вистинско насилство и штета, сè уште може да ги отстрани.
Твитер има слична политика, заснована врз претходните правила на Фејсбук за вести и проверка на фактите. Сепак, Фејсбук потенцира дека сака да се држат настрана од политичките спорови, особено пред претседателските избори во САД во 2020 година.
„Ако некој даде изјава или сподели објава која ги крши нашите стандарди во некоја заедница, ние сепак ќе ја задржиме на нашата платформа, ако веруваме дека е во јавен интерес да се види натписот. Отсега, ќе го третираме говорот на политичарите како содржина што е информативна и треба, по правило, да се види и слушне“, рече Ник Клег, раководител за комуникации на Фејсбук и поранешен заменик претседател на Велика Британија.
Постојат два исклучоци од овој случај. Платените реклами сè уште треба да ги следат упатствата на „Фејсбук“ и говорот што поттикнува насилство во никој случај не е прифатлив.
Сепак, да се каже што може да доведе до насилство е прилично нејасно, а Клег во својот говор, не ги дефинираше политичарите. Врз основа на овој опис, Фејсбук би можел да избере да отстранува само директни закани против одредена личност и да ги заштити сите што се изјаснуваат за политички кандидат на кое било ниво на власт.
Клег истакна дека сите на Фејсбук сме шампиони на слободниот говор, кој го браниме и покрај обидите на другите да го ограничат.
Како што вели, цензурата или задушувањето на политичкиот дискурс би биле во спротивност со она за што се залага Фејсбук.