Американскиот судски систем минатата недела отфрлија две анти-монополски обвиненија против гигантот Фејсбук – едно од Федералната комисија за трговија и друго од група на сојузни држави. Отфрлањето на обвиненијата претставува сериозен удар за регулаторите, а компанијата достигна рекордно висока вредност на своите акции.
Според судиската одлука, обвинението на Федералната комисија за трговија „не нуди доволно факти“ за да се утврди дека Фејсбук навистина има монопол врз пазарот на социјални медиуми. Комисијата има рок од 30 денови за поднесување на жалба. Обвиненијата од групата на 46 сојузни држави беа отфрлени под образложение дека прекршоците се случиле пред „премногу долго време“ т.е. застариле.
По судските одлуки, акциите на Фејсбук пораснаа за над 4%, достигнувајќи рекордна вредност од 357.36 американски долари по акција. Со тоа, пазарната вредност на компанијата за прв пат надмина 1 трилион долари.
„Ние сме задоволни што судските одлуки ги препознаа недостатоците во владините обвиненија против Фејсбук,“ соопштија од компанијата, додавајќи дека „Фејсбук секој ден правично се натпреварува за да го добие времето и вниманието на луѓето“.