Во годината која ја обележаа бројни иницијативи и движења кои имаа за цел подобрување на положбата на жените во општеството, вклучувајќи ја и огласувачката индустријата,беше соодветно некоја агенција да смисли нешто посебно за новогодишните празници.
Токму такво нешто ни донесува агенцијата Grey London, која ги преработи познатите божиќни песни и им даде изразита феминистичка нота. Новите химни се наречени Hyrrs, а албумот „Hyrrs“ (наместо hymns) може да се купи за околу 7 долари и е достапен на iTunesu, Google Play и Amazon.
За оваа пригода, избравме три песни, а останатите можете да ги погледнете на YouTube каналот на агенцијата Grey London.