Светот сé повеќе се врти кон електричните возила, а производителите на луксузни автомобили не сакаат да останат покусо
Италијанскиот луксузен автомобилски бренд Ferrari неодамна соопшти дека ќе го лансира своето прво електрично возило до 2025 година, со планови целата компанија да стане „јаглеродно-неутрална“ до крајот на деценијата.
На компаниски настан кој се одржа оваа недела, генералниот извршен директор Бенедето Виња изјави дека првата „батериска суперкола“ на брендот ќе го определи развојниот пат на компанијата во иднината што следува.
Компанијата планира да инвестира 4,6 милијарди американски долари за развој на своите електрични и хибридни модели, со надеж дека тие автомобили ќе сочинуваат 60% од вкупните продажби на брендот до 2026 година.
Виња потврди дека идните електрични возила на Ferrari ќе бидат конструирани во истата фабрика во Маранело во Италија, при што компанијата ќе се грижи да ја задржи својата ексклузивност со испорака на „еден автомобил помалку од барањата на пазарот“.
Дополнително, Ferrari објави дека нивното прво спортско теренско возило ќе биде откриено во септември, под името Purosangue. Претстојниот SUV ќе биде достапен на пазарот на почетокот на следната година, по цена од приближно 300.000 американски долари.