Меѓународниот адвертајзинг фестивал Golden Drum ги соопшти имињата кои ја сочинуваат втората група на говорници за овогодинешното издание на фестивалот.
Се работи за Фернандо Мачадо, генерален маркетинг директор на Activision Blizzard од САД, Каролина Галач, креативен директор на DDB Budapest од Унгарија и Томас Колстер, основач и креативен дирекор на Goodvertising од Данска.
Тие ќе се придружат на виртуелната сцена на фестивалот од 13 до 15 октомври 2021 и ќе го споделат своето знаење, погледи и идеи со гостите за тоа како да се „рестартира иднината“!
Фернандо Мачадо е глобално познат и признат маркетер со страст за развој на брендови и бизниси. Со повеќе од 160 кански „лавови“, 24 D&AD „жолти моливи“, 1 D&AD „црн молив“ и 2 Grand Effie награди за Северна Америка, Фернандо е познат по проширувањето на креативните граници со цел стимулирање на растот на бизнисот. После долга и успешна кариера во Unilever и Restaurant Brands International (Burger King), Мачадо ја презеде улогата на генерален маркетинг директор во Activision Blizzard, една од најголемите компании за видео-игри во светот која е позната по франшизи како World of Warcraft, Call of Duty, Diablo, Candy Crush и многу други.
Каролина Галач им помогнала на Ogilvy, па на Y&R, а најскоро на DDB да станат најкреативните агенции во Унгарија неколку години со ред. Со нејзиното лидерство, тимот на DDB освои признанија од Cannes Lions, New York Festivals и London International во последните три години, заедно со нешто уникатно за Унгарија: насловна страна на магазинот Adweek за кампања со McDonald’s во Унгарија. Во 2019 година, таа беше победник во натпреварот за степендија во рамки на програмата за креативно лидерство на Cannes Lions и Берлинската школа за креативно лидерство.
Томас Колстер е маркетинг активист во мисија да ги натера бизнисите да ги ставаат луѓето и планетата на прво место. Како прекален професионалец за брендинг и одржливост, со повеќе од 18 години искуство, тој бил советник на компании од листата Fortune 500, на мали стартапи, владини институции, агенции и непрофитни организации. Тој е основач на глобалното движење Goodvertising кое има инспирирано поместувања за она што е добро во адвертајзингот. Тој е исто така автор на две книги: “Goodvertising” (Thames & Hudson 2012) и “The Hero Trap” (2020). Тој е меѓународно познат говорник и колумнист за публикации како Тhe Guardian, Adweek и The Drum. Како страствен претприемач и агент на промените тој има лансирано неколку влијателни платформи како Cph:Change и Wheregoodgrows.
Повеќе информации за овогодишното издание на фестивалот Golden Drum, пријавувањето за неговиот натпреварувачки дел и за бесплатната онлајн едукативна програма со одлични говорници, можете да најдете на следниот линк.