Порталот Marketing Mreza на 29. октомври во Белград ќе го организира првиот национален Фестивал за интегрирани комуникации – КАКТУС 2015. Фестивалот кој се оддржува под слоганот “Идеи кои опстануваат“ ќе понуди богата и интересна програма од различни области на интегрираните комуникации, како и преглед на најновите светски трендови.
Дневниот конференциски дел од фестивалот ќе биде составен од предавања и работилници на повеќе водечки стручњаци од Европа и светот, меѓу кои се и Abraham Abbi Asefaw и Zlatko Corluka, основачите на Pop Up агенцијата од Лондон ; Jacob Kobi Gamliel, основач на најголемата дигитална агенција во Израел iSOCIA ; Luca Gatti, Brand Operation Integration Manager за EMEA регионот во компанијата Procter & Gamble и Mike Brandt, основач на данската агенција Urge и иновативниот пристап за огласување – Advertisingawesomeness.
Покрај нив, учесниците на фестивалот ќе имаат прилика да ги чујат и искуствара на Marijana Prpic, брендинг директорка во компанијата Google, Svetlana Stavreva, директорка на маркетинг и комуникации во компанијата IBM за Југоисточна Европа, како и Matije Vujovic и Vladimir Grcic од агенцијата Kitchen Prague.
Вечерната програма на фестивалот ќе го биде обележана со доделувањето на наградите за најдобрите во струката. Наградите се доделуваат во вкупно 13 категории, а нив ќе ги добијат организации, компании, институции и агенции за најквалитетни и најпрофесионални интегрирани кампањи во изминатата година. За тоа кој ќе ги добие овогодишните KAKTUS награди ќе одлучи стручно жири кое го сочинуваат 25 угледни професионалци од креативните, ПР и дигитални агенции од Србија и регионот.
“Пазарот на маркетинг комуникации во Србија и креативните проекти кои излегуваат од него заслужуваат квалитетен креативен фестивал. Кактус постои за да ја инспирира домашната креативна индустрија во иднина да создава што подобри и поинвативни идеи – идеи кои опстануваат“ – вели Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Маркетинг мреза која потсети и дека пријавувањето на конкурсот Кактус трае до 20 септември.
Повеќе информации за фестивалот може да се пронајдат на : www.kaktus.rs.