Натпреварувачкиот дел на фестивалот на креативноста Cannes Lions, оваа година воведува неколку измени во натпреварувачките категории. Помеѓу останатото, категоријата печатени огласи се проширува и со издаваштво (Print & Publishing Lions), додека од категоријата интернет и мобилни апликации се издвојува изведбениот дел и е креирана нова категорија, Digital Craft.
Како што појаснува Simon Cook, директор за награди во компанијата Lions Festivals, проширувањето на категоријата на печатени огласи со издавачката дејност, ги препознава другите облици на издаваштво, вклучувајќи ја и најдобрата употреба на печатот и интерактивниот печат.
„Жири комисијата за Cyber &Mobile Lions ни кажаа дека е се поголем бројот на кампањите, кои се насочени на корисничкото искуство и изведбата, па во жири комисијата е наопходно да постојат стручњаци од тоа подрачје. Така одлучивме дека од сега, тоа високо специјализирано подрачје ќе има свое жири, кое полесно ќе владее со жирирањето за интернет лавовите“ ги искоментира новите категории Terry Savage, претседател на компанијата Lions Festivals. Во тие категории ќе бидат наградувани креативните вештини и дигиталниот занает во изработката на пријавените кампањи, вклучувајќи го и квалитетот на дизајнот, техничката изведба и сеопштото искуство на сите дигитални платформи и направи.
Освен тоа, од сега, категориите на титаниумски и интегрирани огласувачки кампањи ќе бидат одвоени и посебно оценувани, категоријата дизајн ќе се прошири, во категоријата надворешно огласување ќе има повеќе простор наменет за дигиталното надворешно огласување. Категоријата брендирани содржини и забава, ќе се нарекува само забава, додека за прв пат ќе биде доделен и нов кански лав за музика и тоа заради големата улога која музиката ја има во забавната индустрија.
Пријавите за овогодинешниот фастивал за креативност Cannes Lions ќе бидат отворени на 21 јануари.