Во изминатите месеци, сите научивме многу – за светот околу нас, за прилагодувањето, новите мерки на успех, здравјето, среќата и за нас самите. После сите овие месеци и многу неизвесност, едно е појасно од кога било – здравјето е на прво место, а безбедноста е од непроценлива важност.
Одлуката на организаторите на фестивалот Денови на комуникација не беше лесна, но беше сосема јасна: на Денови на комуникација незаборавните моменти ги претворавме во спомени исклучиво заедно – затоа ќе се дружиме од 15 до 18 април 2021 година.
Деновите се среќа, а среќата треба да се сподели со најдрагите колеги. И затоа вашите фестивалски котизации и резервации за сместување важат во новиот термин на Денови на комуникација, а за секоја трета котизација што сте ја купиле досега, организаторите додаваат уште една бесплатна за колегите од истата компанија!
До Денови на комуникации, велат организаторите, продолжуваме да се дружиме во различни формати со цел да ви донесеме едукација во сите услови – затоа што секогаш остануваме со вас.