Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum ги претстави членовите на жирито за специјалната секција „All Juries“ („Сите Жирија“) која вклучува три специјални натпреварувачки групи и ги слави најдобрите дела кои го претставуваат локалниот дух, општествените добри каузи и дела кои демонстрираат креативен пробив, иновативна промена во процесот или процедурите што го предводат напредокот во огласувањето.
Поради посебната природа на овие теми, пријавените кампањи кои ќе влезат во потесниот избор на оваа секција ќе бидат избрани од сите жирија, а за награди ќе бидат оценувани од специјалното жири составено од петте претседатели на засебните жирија и уште по еден претставник од сите жирија избран од организаторот.
Па така, жирито на сите жирија на Golden Drum 2023 ќе биде составено од:
- Панчо Касис, партнер и глобален генерален креативен директор, DAVID, САД/Шпанија – Претседател жирито за секцијата One-Channel
- Арон Старкман, глобален генерален креативен директор, Rethink, Канада – Претседател на жирито за секцијата Omni-Channel
- Ашвини Дешпанде, ко-основач и директор, Elephant Design, Индија – Претседател на жирито за секцијата Craft
- Барбара Еванс, управен партнер, Mediaplus Group, Германија – Претседател на жирито за Creative Media Excellence
- Даниела Иеба, директор за комуникации, глобален бренд на Heineken, Холандија – Претседател на жирито за Creative Business Excellence
- Анџелики Корнелату, креативен директор на групацијата, Ogilvy Athens, Грција
- Андреа Геноjу, креативен партнер и креативен директор, Jam Session Agency, Романија
- Пјотр Осински, регионален креативен директор, VMLY&R Полска
- Јурај Ковач, креативен и стратегиски директор, THIS IS LOCCO, Словачка
- Мариус Тиjану, регионален креативен директор, Dentsu Creative, Романија.
Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum 2023 ќе се одржи на 9 и 10 октомври во Порторож, Словенија. Организаторот нуди специјална понуда за котизација по пониска цена за сите учесници кои ќе пријават кампањи до 21 април. Повеќе информации за фестивалот и начинот на пријавување може да се најдат на следниот линк.