Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum, кој ќе се одржи во словенечкиот град Порторож од 9 до 10 октомври 2023, ги претстави првите имиња на говорници кои на фесивалската сцена ќе ги споделат своите професионални ставови, размислувања и увиди со присутните гости.
Доаѓајќи дури од Индија, од фестивалот ќе ѝ посакаат срдечно добредојде на Ашвини Дешпанде, ко-основач и директорка на Elephant Design – најголемата независна консултантска компанија за интегриран дизајн во Иднија. Воедно, Ашвини Дешпанде ќе претседава со жирито за натпреварувачката категорија Craft Drum. Како што таа вешто ќе ги оценува најдобрите „занаетчиски“ остварувања на фестивалот, оттаму се сигурни дека нејзиното волшебно присуство на сцената исто така ќе ја разгори страста кај гостите за безграничните можности на дизајнот.
Ашвини има одржано предавања во повеќе од 20 земји, вклучително и на ICOGRADA Design Week, Business of Design Week, како и за United Nations Foundation. Некои од нејзините дизајнерски награди вклучуваат Global ReBrand 100 (САД), A’Design (Италија), Worldstar (Германија), iF Design (Германија), Lexus Design Award, Design for Asia (Хонг Конг) и многу други. Списанието Impact ја вклучува Ашвини меѓу „50 Највлијателни жени во медиската иднустрија“ веќе седум последователни години. Таа исто така се наоѓа на А-листата на Campaign India.
Свое прадавање на овогодишното издание на Golden Drum ќе оствари и Барбара Еванс, управен партнер во Mediaplus Group од Германија, која истовремено ќе ја извршува и функцијата претседавач за натпреварувачката категорија “Creative Media Excellence”.
Како одговорна личност за стратегија и интернационални односи во бордот на Mediaplus Group, Барбара Еванс е мисловен лидер во предвидувањето на идните очекувања на потрошувачите, медиумската потрошувачка и развојот на потрошувачкото искуство. Таа води беспрекорно интегриран и разновиден тим од експерти со различни компетенции и се грижи за инфраструктурата, инвестициите, талентите, пристапите за интеграција и маркетингот на компанијата во меѓународен контекст.
Гостите на Golden Drum ќе имаат можност да ја слушнат и Ејми Роџерс, раководител на содржини при WARC Creative од Обединетото Кралство, која го надгледува составувањето на познатите извештаи за креативна ефективност, креативно рангирање и бенчмаркинг под знакот на WARC.
Таа работи во маркетинг индустријата повеќе од 10 години и нејзината експертиза лежи во истражувањето за маркетинг ефективноста, моментално со фокус на продукцијата на содржини за да им помогне на клиентите да го максимизираат влијанието на нивната креативна работа. WARC е водечки ресурс за брендови и агенции, кои можат да ја користат неговата обемна архива на студии на случај, најдобри практики, истражувања и податоци за да го направат нивниот маркетинг поефективен.
Наскоро ќе следуваат и дополнителни имиња на говорници кои ќе одржат свои предавања пред гостите на фестивалот. Сите новости за Golden Drum и говорниците кои ќе се најдат на овогодишната фестивалска сцена можат да се следат на официјалнито веб-сајт goldendrum.com.