Јубилејното 30. издание на Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum ќе се одржи на 9 и 10 октомври 2024 година во Порторож, Словенија. Конкурсот за пријавување на креативни проекти е веќе отворен, а промотивната понуда Super Early Bird трае до 26 април.
Денес, фестивалот Golden Drum ги претстави имињата што ќе го сочинуваат стручното жири за натпреварувачката секција One-Channel. Оваа секција се фокусира на поединечни креативни дела кои користат еден канал за пренесување на пораката до пазарот. Пријавените проекти во овој натпреварувачки сегмент треба да ја покажат креативната употреба на едноканалната комуникација, нејзините придобивки и ефикасноста. Секцијата е дополнително поделена на 6 групи, секоја со повеќе категории: Film; Print; Out of Home; Audio; Digital, Mobile & Technology; и Design.
Жирито секцијата One-Channel ќе биде предводено од Гај Вијинк, глобален генерален извршен директор на AnalogFolk Group (AFG) од Обединетото Кралство.
Нему во оценувањето на пријавените проекти ќе му се придружат:
- О. Надир Ајдин, извршен креативен директор, MullenLowe Istanbul, Турција
- Мартон Једличка, извршен креативен директор, Publicis Budapest, Унгарија
- Марта Калио, сениор креативец и партнер, United Imaginations, Финска
- Медеја Крашевец Жнидарец, креативен директор, Luna TBWA, Словенија
- Ласло Наги, извршен креативен директор, ACG Budapest, Унгарија
- Адријана Паскан, генерален креативен директор, Leo Burnett Bucharest/Carre Noir Bucharest, Романија
- Синтија Попена, креативен директор, McCann Riga, Латвија
- Шон Поропат, креативен директор, косопственик и коосновач, Studio Sonda, Хрватска
- Бен Север, генерален креативен директор, ко-генерален извршен директор и партнер, Havas Tel Aviv, Израел
- Николета Зантерино, заменик извршен креативен директор, Armando Testa, Италија.
„Секцијата ONE-CHANNEL на наградите Golden Drum е сведоштво за уметноста на концентрираната комуникација. Како овогодишен претседател на жирито за секцијата, среќен сум што ќе ги бирам и славам делата што ја користат уникатната сила на единствениот медиум за да ја пресечат вревата и вистински да резонираат со публиката. Секој пријавен проект е „мастерклас“ за фокусирана креативност – од областа на филмот и дизајнот, до дигиталната, мобилната и технолошката сфера, ќе бидеме сведоци како еден канал, кога се користи со прецизност и генијалност, може да создаде влијание исто толку моќно како и секоја повеќеканална кампања. Возбуден сум да видам проекти од брендови и креативци кои повторно ја откриваат уметноста на едноканалното раскажување приказни. Ги поканувам брендовите да ги пријават своите најпривлечни едноканални чудесии и да споделат како ги претвориле ограничувањата во нивна најголема предност“ – вели Гај Вијинк, глобален генерален извршен директор на AnalogFolk Group (AFG) и претседател на жирито за секцијата One-Channel.
Повеќе информации за фестивалот Golden Drum, неговите категории и начин на пријавување, се достапни на следниот ЛИНК.