Во пресрет на еден од најпрестижните адвертајзинг фестивали во регионот Golden Drum, со поддршка и партнерство на Македонски Телеком во Македонија се организираше натпревар за млади креативци на тема „Сруши ги предрасудите“. Како победничко решение беше избрана креативата на Ведран Шурбановски со креативата “Што ќе кажат комшиите?”, а Симона Симоновска со “No thinking, no prejudices!” и Дејвид Трајановиќ со “Running out of Time?” ги освоија второто и третото место, последователно.

Победникот на натпреварот ќе добие влезница, хотелско сместување и покриени патни трошоци за фестивалот Golden Drum, кој ќе се одржи на 13-ти и 14-ти октомври во Порторож, Словенија. Авторите на второ и третопласираното решение ќе добијат нов T-Tablet 2 и T-Phone 3.
Задачата да го одберат победничкото решение им припадна на тројцата членови на жири-комисијата: Јовица Рафајловски (Art Director во Saatchi & Saatchi Skopje), Сузана Штерјова (Marketing Communications and Media Expert, Телеком) и Андреј Павловски (амбасадор на Golden Drum).
„Искрено сме пријатно изненадени од бројот на автори кои пријавија свое решение за натпреварот, но и од квалитетот на испратените решенија. Не беше лесно да се одбере победник, бидејќи секое решение се истакнуваше на свој начин и имаше свој посебен карактер. Ова ни причинува голема радост и ни дава надеж дека овие млади креативци еден ден ќе бидат на сцената на Golden Drum како победници и во главната натпреварувачка програма. Во името на Голден Драм и Телеком, би им честитал на наградените, а на Ведран Шурбановски би сакал да му посакам среќен пат и се надевам дека ова искуство ќе му биде мотив за и понатаму да продолжи да плива во креативните води“, изјави Андреј Павловски, амбасадор на Golden Drum за Македонија.


Жирито на овој конкурс би сакало посебно да ја спомене и Бојана Арџелиева, најмладата учесничка, чие визуелно решение се издвојуваше со јасна и силна порака, впечатлива естетика и зрел пристап кон темата. Нејзиниот труд покажа дека креативноста нема години, и дека младите гласови можат да создадат моќни визуелни изрази што оставаат траен впечаток.

За повеќе информации победниците од конкурсот може се обратат на napravimesto@telekom.mk
Предрасудите и стереотипите се дел од нашето општество кое можеме, но и мораме да го промениме на подобро. Како општествено одговорна компанија, Македонски Телеком го поддржа и го промовираше овој натпревар за млади креативци со цел да ја подигне свесноста околу оваа тема и да ги охрабри младите да го искажат својот став преку уметност, бидејќи во времето во кое живееме и само еден глас може да направи голема разлика.
Уметноста ја има моќта да направи промена.