Фестивалот Golden Drum ја поддржува родовата еднаквост како петта цел на Обединетите нации, а залагањето за родова еднаквост е поддржано и од многу компании, па на ова поле видовме извонреден напредок во последните 15 години.
Секој чекор што можеме да го направиме кон еднаквоста во огласувањето го придвижува нашето општество во вистинската насока. Во таа смисла, фестивалот Golden Drum оваа година воведе т.н. 50:50 жири, кое подеднакво ги застапува двата пола. Креативните решенија пријавени на фестивалот Golden Drum ќе ги оценуваат 58 професионалци – 29 мажи и 29 жени.
Тимот на Golden Drum го притиска копчето Re: Start во секоја смисла на зборот. Нашата иднина се потпира на нашите одлуки да направиме вистински избор.
Мојца Бришчик, претседател на фестивалот Golden Drum изјави: „Кога станува збор за родовата еднаквост, нема сомнение дека се направени големи промени, како во креативната индустрија, така и во деловниот свет. Сепак, како жена, не сакам да ме перципираат само како број или квота, сакам да ме гледаат како личност која има квалитети на добар професионалец. Затоа, јас цврсто верувам дека креативната индустрија позитивно ги трансформира родовите норми и, згора на тоа, во застапувањето за оваа промена, поддршката доаѓа од различни вклучени страни, од рекламната индустрија и пошироко“.
Мора да бараме еднакви права, одговорности и можности за жените и мажите, за девојчињата и момчињата. Родовата еднаквост не е прашање на жените, туку прашање на општеството. Родовата еднаквост се перципира и како прашање на човекови права, така и како предуслов и индикатор за одржлив развој, чиј фокус се луѓето.
Пријавувањето на кампањите на 27-мото издание на фестивалот Golden Drum е на следниот линк: https://engine.goldendrum.com/