Еден од најголемите меѓународни фестивали на креативноста во Европа, White Square, кој го опфаќа целиот спектар на комуникациите, маркетингот, брендирањето и креативните индустрии, го објави составот на жирито за овогодинешното издание.
Агенции од повеќе од 35 земји низ светот секоја година ги поднесуваат своите кампањи на фестивалот, со тоа што географијата на учесниците се проширува со секое издание. Фестивалот White Square, промовирајќи ја креативноста, високо ги цени свежите идеи и луѓето во адвертајзинг и креативната индустрија, ги споделува принципите на општествено одговорниот маркетинг, мирот и ги брани универзалните човечки вредности. Социјалните проекти на Фестивалот секоја година се поддржани од партнери и специјални награди.
Повикот за пријавување кампањи за овогодинешното издание е веќе отворен: заинтересираните учесници се добредојдени да ги пријават своите кампањи онлајн до 28 април. Пријавените кампањи се прифаќаат во 205 номинации во 8 натпреварувачки категории.
Високото ниво на жирирање, професионалната компетентност и непристрасноста во оценувањето на пријавените кампањи се една од силните страни на фестивалот White Square. Оваа година, пријавените кампањи ќе ги оценуваат четири состави на меѓународно жири претставувани од експерти со светско признание во огласувачката индустрија, бројни награди и искуство во оценување на престижни фестивали за креативност ширум светот.
Жирито за CREATIVE & BRANDING ќе ги оценува кампањите пријавени во натпреварите за креатвиност и брендирање со поткатегориите за: филм, принт, радио и аудио, надворешно огласување, интегрирани кампањи, брендирана содржина и забава, креативна употреба на медиуми, комуникациски дизајн, дизајн на пакување, дигитален и интерактивен дизајн, дизајн на производи и дизајн на бренд околина.
Жирито за MARKETING & DIGITAL ќе ја оценува маркетиншката ефикасност, маркетиншките услуги, дигиталните и медиски остварувања и тоа во поткатегориите: маркетинг ефективност, брендирано искуство и активација, односи со јавноста, директни кампањи според сектори, иновации, трансформација водена од креативност, дигитални, мобилни, социјални и инфлуенсерски кампањи, креативна употреба на податоци, комуникациски канали, извонредност во употребата на медиумите и спроведувањето на медиски кампањи.
Жирито за CRAFT ќе ја оценува исклучителноста во продукциската сфера и тоа во однос на: филмската продукција, принт рекламите и рекламите на отворено, како и извонредност во употребата на радио и аудио.
Жирито MASS MEDIA ќе ги оценува кампањите од призмата на медиумите и тоа во поткатегориите за: комуникација, дигитални и мобилни кампањи, максимизирање на досег, интегрирани кампањи, општествено одговорни кампањи на брендови, непрофитни, добротворни и владини организации.
Можни се промени и дополнувања на жиријата.
Главните критериуми за оценување се креативната идеја и нејзината имплементација.
Заинтересираните учесници се добредојдени да ги поднесат своите пријави онлајн до 28 април. Понудата за пријавување по намалена котизација е достапна до 31 март.
Победничките кампањи ќе бидат објавени на веб-страницата на Фестивалот White Square на 3 јуни, а подоцна и на професионални индустриски медиуми и социјални платформи во повеќе од 30 земји низ светот. Агенциите, финалисти и добитници на награди ќе добијат дипломи, а победниците – скапоцените статуетки, кои ги потврдуваат исклучителните професионални достигнувања на авторите, доделни од жирито на фестивалот White Square 2023.