Од 19 до 21 април оваа година во Минск, Белорусија, ќе се одржи меѓународен фестивал за огласување и маркетинг White Square, еден од водечките креативни фестивали во Источна Европа.
White Square го најави и жирито по категории, на чии листи се некои од најпознатите имиња од светот на креативноста и комуникациите, како што се: Fabien Teichner, Serviceplan, Франција – сопственик на 26 кански лавови, кој и` помогна на својата агенција во текот на пет години да влезе во Топ 5 листата на агенции во Франција според извештајот The Gunn Report; Dries De Wilde, Duval Guillaume, Белгија – носител на 20 кански награди, кој пред неколку години го освои второто место на ранг листата на Global Copywriters; Firas Medrows, DDB Дубаи, Обединетите Арапски Емирати – во 2014 година беше вклучен во ТОП 50 извршни креативни директори во светот; Kosuke Takeshige, DENTSU INC, Јапонија – креативен директор на една од најпрестижните агенции на глобално ниво; Evgenij Primachenko, Wieden + Kennedy Амстердам, Холандија – носител на речиси сите можни престижни награди, вклучувајќи 19 Кански лавови; и многу други.
Комплетната листа на жирито може да се погледне на официјалната веб страница на White Square фестивалот. Покрај натпреварувачката програма, White Square фестивалот ќе понуди и богата образовна и забавна програма.