Меѓународниот фестивал на креативноста White Square, еден од најпрепознатливите фестивали меѓу професионалната заедница ширум светот кој годишно собира претставници на агенции и брендови од повеќе од 35 земји, го објави составот на жирито за натпреварувачката секција “CREATIVE”.
Во 2024 година, пријавените проекти на фестивалот White Square ќе бидат оценети од шест меѓународни жирија, застапувани од најсветлите личности кои го формираат модерниот модел на маркетинг комуникации, добитници на бројни награди во областа на креативноста, како и искусни жирирачи на водечките меѓународни фестивали.
Жири-комисиите, во согласност со личните компетенции на членовите, ќе оценуваат ги оценуваат натпреварувачките секции: Creative, Branding, Marketing Services, Marketing Effectiveness, Media, Digital, Craft и Mass Media – со вкупно 243 номинации, кои го покриваат целиот спектар на маркетингот, комуникациите, брендирањето и креативните индустрии. Главната Grand Prix награда на фестивалот традиционално ќе ја доделува Големото жири, кое ќе го сочинуваат претседателите на сите поединечни жири-комисии. Високото ниво на оценување, професионалната компетентност и непристрасноста во оценувањето на пријавените проекти се еден од најсилните аспекти на фестивалот White Square.
Оваа жири комисија ќе ги оценува проектите пријавени во натпреварувачката секција CREATIVE, составена од 69 номинации за филм, принт, радио и аудио, надворешно огласување, интегрирани кампањи, брендирана содржина и забава, креативна употреба на медиуми, како и новите категории “Film. Sectors“, “Print. Sectors” и “Outdoor. Sectors”. Главните критериуми за оценување на проектите се креативната идеја и нејзината реализација. Во некои натпревари еден од клучните критериуми е ефикасноста на креативните решенија.
Повикот за пријавување на проекти е отворен и ќе трае до 3 мај, со попуст за учество достапен до 31 март. Во соработка со White Square, ние нудиме и специјален промотивен код MARKETING365, кој овозможува попуст од 10%.
Проектите можат да се пријавуваат онлајн, со нивно прикачување на веб-сајтот на фестивалот.
Победничките проекти на фестивалот White Square 2024 ќе бидат објавени во бројни индустриски медиуми ширум светот, помагајќи им на агенциите и најдобрите идеи да се промовираат во меѓународната креативна заедница.