Компанијата за производство на вештачко месо од растително потекло Future Farm реализираше дводелна кампања на британскиот пазар со која им се спротивстави на вселенските аспирации на милијардерите Елон Маск, Џеф Безос и Ричард Бренсон.
Имено, во текот на јули низ улиците на Лондон се појавил небрендиран мурал и повеќе рекламни панели и постери на различни локации кои навидум пропагирале про-вселенска, марсовско-колонизаторска порака: “Завршивте со Земјата? Марс чека!”
Меѓутоа, оваа порака била проследена и со ироничниот текст „Милијардерите се добредојдени“, наговестувајќи продолжение дека кампањата и не е толку про-вселенска како што на прв поглед се чини.
Токму тоа се случи кога преку ноќ моралот и другите outdoor реклами биле „вандализирани“ со нова порака: „Зае*би го Марс. Иднината е Земјата. Иднината е растителна“. Овој пат на рекламите се појавил и „потписот“ на брендот, да се знае кој се спротивставил на милијардерите. :)
Кампањата била реализирана со помош на креативната агенција Impero.