Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации ФИФА ја ласнираше стриминг платформата FIFA+, која на фудбалските фанови ќе им овозможи следење на фудбалски натпревари, интерактивни игри и информации за фудбалските турнири.
Дополнително, платформата ќе нуди пристап до целата видео-архива на ФИФА од Светските првенства во машка и женска категорија, што е повеќе од 2,000 часови на историски фудбал до 1950-те години.
„FIFA+ го претставува следниот чекор во нашата визија да го направиме фудбалот навистина глобален и инклузивен, нагласувајќи ја клучната мисија на ФИФА за проширување и развој на фудбалот на светско ниво“ – истакна претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Фановите ќе имаат можност да гледаат целосни репризи на натпревари, но и видео од само клучните моменти или головите на натпреварите. Преку оваа платформа, ФИФА планира до крајот на годината да пренесува и околу 40,000 натпревари во живо, од сите шест континентални конфедерации кои ја сочинуваат ФИФА. Од нив, околу 11,000 натпревари ќе бидат во женска конкуренција, сé со цел да се подигне нивната популарност.
На платформата ќе можат да се гледаат и ексклузивни документарци и интервјуа со познати фудбалски ѕвезди од минатото и сегашноста.
При лансирањето, платформата FIFA+ е достапна на шест јазици – Англиски, Француски, Германски, Португалски и Шпански, со планови за проширување на таа листа веќе во јуни.