Со големо задоволство и импресии што сè уште не стивнуваат, објавуваме дека официјално заврши снимањето на втората сезона од The Founder Games – регионалното стартап реално шоу што не е само натпревар, туку и отскочна даска за основачите да скалираат. Финалето беше заокружено со Demo Day, кулминација на четиримесечната акцелераторска програма во која учествуваа 40 избрани стартапи од цела Југоисточна Европа.
На последниот Demo Day присуствуваа повеќе од 30 инвеститори, меѓу кои ангел-инвеститори, фондови и претставници од регионалниот и глобален екосистем. Оваа интеракција им овозможи на стартапите директен пристап до клучни играчи, а на инвеститорите им овозможи ексклузивен увид во потенцијални компании за следната инвестиција.
The Founder Games покажа реален импакт врз развојот на стартапите, не само преку финансиска поддршка туку и преку менторство, работа со експерти, и јавна видливост преку самото реално шоу што допрва ќе се прикажува на малите екрани.
Во текот на програмата, учесниците добија:
- директен пристап до ментори и претприемачи со глобално искуство
- интензивни работилници по теми како fundraising, продажба, growth, pitching и правна структура
- вмрежување со корпорации и почеток на вредни преговори и соработки
- видливост пред поширока публика преку видео формати од снимањето
- старт на инвестициски тек и преговори во вкупен износ од над 6 милиони евра.
- и можност да ги тестираат своите производи и услуги со реални корисници
Втората сезона е снимена на локации низ Скопје и ќе биде премиерно објавена оваа есен. За време на снимањето, стартапите се соочуваа со реални предизвици и по пат на елиминација, победничкиот тим наесен заминува за Силициумската Долина во САД и осигура инвестициски тек од 2 милиони евра.
Продукцијата ветува содржина што ќе инспирира, едуцира и забавува, со фокус на вистинскиот предизвик на градење бизнис од нула од сите аспекти, особено оние негативните за кои никој не сака да зборува јавно.
Првиот официјален трејлер за втората сезона е објавен и со нетрпение и голема возбуда ги одбројуваме деновите до премиерата на првата епизода оваа есен.
The Founder Games продолжува да ја гради својата мисија за да го подигне претприемничкиот дух во регионот и да овозможи реални шанси за оние што преземаат ризик.
Третата сезона е веќе во подготовка, следете нè на нашите социјални медиуми и веб-страна за да бидете во тек со нашите новости.