Се наближува крајот на годината и време да направиме мала ретроспектива на оние кампањи кои сме ги пропуштиле при нивното иницијално лансирање, но сепак вреди да се споменат. Една таква беше „договорената“ кампања на M&M’s и KFC во Канада, која беше објавена изминатиот Април.
„Се топи во уста, а не во вашата рака“ е слоган кој со децении брендот за чоколади M&M’s го употребуваше за да ги опише своите чоколадни бомобони. Но, кога дојде време M&M’s да го промовира своето ново чоколатце кое сепак се топи во рака, мораа да најдат нов слоган и…. едноставно го „украдоа“ – “Finger Lickin’ Good” на KFC.
Во спотот по повод лансирањето на кампањата oд брендот истакнаа дека морале „да смислат нешто брзо“, па отворено кажуваат дека „го украле“ од нивните пријатели KFC. Спотот правеше повеќе референци на познати реклами на KFC, а и сите принт реклами кои беа дел од кампањата содржаеа пораки дека чоколадцето „нема коски“, „нема вкус на пилешко“ и „има нула тајни состојки и зачини.“
Во вистински канадски манир, KFC учтиво одговорија дека „Ќе признаме, вашето чоколадце е прсти да си излижеш (“finger lickin’ good”), но само светски највкусното пилешко го заслужува тој слоган. Добар обид во секој случај!“
Кампањата беше дело на креативната агенција BBDO Canada.
Hey, thanks for sharing. We’ll admit, your bar is finger lickin’ good. But only the world’s best tasting chicken deserves that famous tagline. Nice try though! pic.twitter.com/Gfe8qEboVw
— KFC Canada (@kfc_canada) April 9, 2019