Време: 24 Февруари во 19.00 часот.
Место: ЗУМ платформа (ZOOM)
Линк за регистрација:
https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_sz2q2jt2QHarCQPXo97VUg
Во најновиот #FITRClassroom, ќе имате одлична можност да се запознаете со Бјорн Тровери – првиот човек задолжен за комуникации со корисници и односи со јавност во Фејсбук.
Како експерт за комуникации, Бјорн ќе сподели со вас практични совети и искуства како да остварите ефикасна комуникација со вашата целна публика.
Бјорн е менаџер за комуникации со потрошувачи во седиштето на Фејсбук. Како клучен играч, тој е дел од тим кој ги воведува комуникациите на потрошувачите и брендовите на Фејсбук низ целата нивна мрежа и платформи, вклучувајќи ги: Instagram, WhatsApp, Facebook и Workplace.
Ова вклучува водење на секојдневни кампањи за односи со јавноста и медиумски ангажман, извршување на релевантни партнерства и водење на главните приказни за 2,7 милијарди луѓе во нивната глобална заедница кои ги користат Фејсбук и останатите платформи.
Претходно, Бјорн ја водеше комуникацијата за Хајнекен во САД.