Онлајн платформата за freelance-услуги Fiverr лансираше нова глобална кампања насловена “Something from nothing” („Нешто од ништо“).
Кампањата е насочена кон сите оние со големи идеи кои бараат таленти што ќе им помогнат во нивната реализација. Кампањата илустрира како сите успешни бизниси некогаш биле само идеи и било потребно само малку акција за тие да се остварат.
Во услови на еден пост-пандемиски свет, кога голем број на луѓе се откажуваат од традицоналните работни места и бараат нешто ново, Fiverr ја гледа можноста да се наметне како главна глобална платформа за фриленс услуги.
Fiverr се реши да користи повеќе комуникациски канали за испраќање на својата порака. Помладата публика ќе биде таргетирана преку социјалните мрежи Facebook, YouTube и Reddit, како и со поголема ангажираност на инфлуенсери. Но, компанијата не се откажува ниту од традиционалните канали како телевизијата и out-of-home рекламните простори.
Кампањата се реализира со помош на агенцијата OstrichCo.