Брендот за спортска опрема HOKA ја лансираше својата најголема, глобално интегрирана маркетинг кампања досега, која го носи насловот “Fly Human Fly” („Летај, човеку, летај“).
Во централниот спот на кампањата, насловен “Pursuit“, брендот ја потврдува својата верба во трансцендентната моќ на движењето, односно во овој случај – трчањето, кое треба да се чини како „летање“. Поттикнати од HOKA, спотот прикажува херои кои влегуваат во магичен свет исполнет со радост, оптимизам и натчовечки можности. Со брендови, производи и човечки приказни, стратешкиот пристап и маркетинг инвестициите на HOKA ќе ги поттикнуваат потрошувачите на секој чекор од нивното „патешествие“.
„FLY HUMAN FLY е универзална порака што ги надминува културата, местото и времето. Порта на радост, оптимизам и можност. Таа го одразува нашиот раст како компанија и нашето верување во моќта на човештвото да направи промени, особено преку движење. Движењето ви помага да се чувствувате поврзани со вашето тело, вашиот свет и вашата заедница – плус, едноставно се чувствувате добро“ – истакнуваат од HOKA по повод новата кампања.
Покрај спотот кој телевизиски ќе се емитува на повеќе светски пазари, кампањата ќе вклучува и онлајн активности, како и out-of-home инсталации во повеќе светски градови. Дополнително, HOKA склучи партнерство со Achilles International, непрофитна организација која ги трансформира животите на лицата со попреченост преку спортски програми и социјално поврзување.