Фондот за иновации и технолошки развој објави трет јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за ново основани трговски друштва “Старт-ап“ и “Спин-офф“.
За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од 450.000 (четиристотини и педесет илјади) евра, односно 27.762.750 (дваесет и седум милиони, седумстотинишеесет и две илјади и седумстотини и педесет) денари.
Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 85% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот. За преостанатиот износ, како прифатливи средства нема да се сметаат средствата добиени од Фондот по друг основ или средствата од која било друга државна помош.
Средствата за инструментот ‒ кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ се обезбедени од страна на Буџетот на Република Македонија, од страна на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развоj.
Детали од повикот може да се погледнат на ОВОЈ ЛИНК.