Според Форбс, во 2021 година, после неколку години, од тронот е симнат десетгодишниот Рајан Кајл, рецензент на играчки. Неговото место го зазема 23-годишниот Џими Доналдсон, познат како Mr.Beast, американски забавувач познат по своите необични предизвици, великодушното делење пари на учесниците и разни добротворни организации.
1.Mr.Beast – 54 милиони долари – Mr.Beast минатата година забележа над 10 милијарди прегледи на своите видеа, има 88 милиони претплатници, а на тој начин, според Форбс, заработил дури 54 милиони долари. Тоа е речиси двојно повеќе од отколку што гореспоменатиот Рајан Кајл заработил во 2020 година, кој минатата година ја заврши на седмото место.
2. Jake Paul – 45 милиони долари – Јутјуберот кој последниве години се занимава со бокс и на тој начин привлекува голема публика, се врати на листата на најплатени, после 2018 година. Најмногу заработил од своите боречки авантури, кои ги промовира на својот канал на Јутјуб. Неговата кариера ја одбележа и скандал, кога неговиот брат Логан снимал тело на еден самоубиец во јапонска шума, па извесно време не можел да заработува од реклами.
3.Markiplier – 38 милиони долари – Хавајскиот гејмер Марк Едвард Фишбах денес има 31 милион претплатници, а се занимава со игри, телевизија и подкасти, комедија, пародии на цртани филмови и разни други содржини.
4.Rhett and Link – 30 милиони долари – Двоецот почна да води свое ток-шоу на YouTube, а потоа започна неколку други реални шоуа, а за нивната содржина понекогаш наплаќаат и претплата. Гледачите се подготвени да платат и до 50 долари за тоа.
5.Unspeakable – 28,5 милиони долари – За прв пат на оваа листа е играчот на Minecraft, Нејтан Греам, кој има сопствен YouTube канал веќе десет години, а сега со речиси 13 милиони претплатници почна да заработува посериозни пари.
6.Nastya – 28 милиони долари – Седумгодишната Русинка која живее во САД води сопствен влог, продава сувенири и NFT, а со помош на нејзините родители забавува над 85 милиони претплатници.
7.Ryan Kaji– 27 милиони долари – Иако заработил нешто помалку од претходната година, Рајан прави рецензии на играчкки веќе шест години и заработува доста од тоа. Покрај 31 милион претплатници, може да се пофали и со низа брендирани производи што ги продаваат големите трговски ланци во САД.
8.Dude Perfect – 20 милиони долари – Уште еден канал кој редовно се наоѓа на листата на најплатени е оној што го води петчлена екипа спортисти кои снимаат вирални содржини поврзани со спорт и разни други забавни активности. Ги следат 57 милиони луѓе.
9.Logan Paul – 18 милиони долари – На оваа листа повратник е и братот на второпласираниот Џејк. И тој почна да боксува, да продава NFT и да води подкасти.
10.Preston Arsement – 16 милиони долари – Уште еден страстен играч на Minecraft со 12 милиони претплатници на неговиот главен канал.
Форбс истакнува дека листата се базира на податоци од заработка од гледање видеа и нивно монетизирање на YouTube, но и на приходи од различни спонзорства, партнерства, продажба на сувенири и слични други активности. Топ 10 најплатените јутјубери во светот минатата година заработија околу 300 милиони долари, што е најголем износ досега, а Mr.Beast стана актуелен рекордер по приходи во 2021 година.