Списанието Форбс направи листа од десет најплатени Јутјубери за 2019 година, а осум годишниот Рајан Кајл втора година по ред е на првата позиција.
Кајл го отворил својот канал кога имал само 3 години, кога почнал да отпакува играчки и подароци кои ги купувал и сето тоа да го снима со камера.
Сето тоа прераснало во мини-научен експеримент, а Рајан потпишал договори со компаниите Никелодион и Хули. Оваа година заработил 26 милиони долари, што го лансираше на врвот на листата на Форбс.
На второто место е “Dude Perfect“ кој оваа година заработил 20 милиони долари. Видео снимките за овај канал ги снимаат пријателите Коби Котон, Кори Котон, Герет Хилберт, Коди Џоунс и Тајлер Тоуни, кои играат разни спортови и рушат Гинисови рекорди.
5 Годишната Анастасија Раџинскаја е на третото место со заработка од 18 милиони долари и неколку договори со различни компании.
Џефри Стар води канал за шминкање и оваа година заработил 17 милиони долари, со што се пласира на петтото место на листата на Форбс, а веднаш зад него е Престон Арсмент со три милиони помала заработувачка и канал на кој прикажува играње игри.
“PewDiePie“ кој некогаш беше најплатен Јутјубер, сега се наоѓна на седмото место на оваа листа со заработка од 13 милиони долари. Но, голема е веројатноста дека следната година нема да се најде на листата, бидејќи на почетокот на овај месец најави дека привремено ќе го напушти Јутјуб за да се одмори. Седмото место го дели со Маркиплејер кој ја заработил истата сума.
На деветто и десетто место се DanTDM и VanosGaming.
Вкупната заработка на првите десет јутјубери на листста изнесува 162 милиони долари.